Веројатно и вас понекогаш ве фаќа носталгија за добрите 90 – ти кога постоеја само неколку трендови, кои беа толку добри, што повторно се враќаат и се вистински хит.

Покрај Бритни, музичките касети, ролшуите и бициклистите, рибарските шапки беа огромен хит, па покрај тоа што беа одлична заштита од сонце, ни одговараа во речиси секоја комбинација.

Токму овој модел на шапка во последно време повторно стана хит, откако со истиот можевме да ги видиме популарните девојки како Ријана, Каја Гербер, Ен Мари и многу други.

Оваа шапка е дефинитивно една од наједноставните и шапка која воопшто не привлекува внимание, а сепак една од најобожуваните.

Секако, секогаш зависи со што ќе ја комбинирате, а тоа значи дека мора да посветите доволно внимание на останатите парчиња кои задолжително треба да се кул.

Се чини дека оваа шапка никогаш и не изглегла од мода. Истата е безвременска и секогаш обожавана, но повторно станува тренд кога некој познат ќе ја промовира на некој настан, како што впрочем  е случај со секое парче денеска.

Истата можеме да ја видиме како дел од комбинациите на девојките и момците кои обожаваат фестивали, но и во разни видео спотови, меѓу кои и оној на Anne Marie за песната „2002“ во која се потсетува на 90 – тите.

Погледнете некои од најпопуларните „рибарски“ шапки за ова лето.

 

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
216 пати