Мега ѕвездата Ријана е апсолутно еден од „најисплатливите" феномени во глобалната маркетинг индустрија.

На тоа укажува фактот што нејзиното име продава, независно за каков производ се работи.
Помеѓу бројните ангажмани во модната и маркетинг сфера, последна нејзина соработка (инаку трета по ред) е со калифорнискиот бренд за чорапи „Stance".

Таа учествуваше во процесот на дизајнирање на новата линија чорапи на кои често се појавува бројот 8 симболизирајќи го нејзиниот осми албум, а секако е дел и од фотосесијата за каталогот за колекцијата.
Цената на чорапите е помеѓу 16 и 20 долари, а истите може да се купат на онлајн продавницата на Stance.com.

Објавено:
22 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.966 пати