Ријана и Пума ги имаат новите совршено розови патики за сезонава

3 март 2017

Веќе неколкупати досега пишувавме за тоа дека сезонава еден од најголемите трендови се чевлите, односно патиките во розова боја, а последната соработка на Ријана и Пума само го потврдува тоа. 

Планетарно популарната пејачка има нова колекција со спортскиот бренд која светот може да ја очекува на 9 – ти март, а од Пума објавија совршена најава за тоа како ќе изгледа истата.

Помеѓу бројните други шик модели како влечките во темно зелена боја со панделка, пејачката дизајнираше и неодоливи и супер удобни розови сатенски патики за кои веќе има листа на чекање.

Целосната колекција ќе биде пуштена во продажба на 9 – ти март, а од брендот на прес конференција соопштија дека веќе има огромен интерес за истата.

Челните луѓе велат дека втората колекција на Ријана за Пума беше сосема нормален тек на работите, со оглед на тоа што токму поради колекцијата на пејачката, нивните приходи во 2016 – та година неверојатно се зголемиле.

Целосната колекција на Ријана и Пума ќе биде презентирана во рамки на Париската модна недела на 6 – ти март.

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.355 пати