Рошас детали од колекцијата есен-зима 2013-14

1 септември 2013

Најновата есен-зима 2013-14 колекција на модната куќа Рошас и дизајнерот Марко Занини се фокусираше на креација на една реална, смирена и инспиративна мода. Се понуди некомплицирана облека со чувство на комфор и доверливост.

Целата креација на дизајнерската замисла е исклучително и фасцинирачки едноставна. Но, и покрај таа смиреност, ревијата за есен-зима на Рошас имаше кралски изглед со фактот што господинот Занини за сценографско место одбра една историска сала за танц со преубави креации за естетски ефект. Во однос на деталите дизајнерот, се одлучи за  ограничени и креативни комбинации на кожни чанти, чевли, ремени како и дијамантски ѓердан на една линија со ефективен пар на обетки. Сите аксесоари беа во истобојна варијанта со креациите на моделите. Едноставно феноменална естетика во малите дизајнерски детали кои оддаваат еден смел израз на модната линијата.

Објавено:
1 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци