Via Spiga Via Spiga

Оваа есен 2014-та во центарот на вниманието дефинитивно ќе бидат светкавите женски аксесоари. Бидете подготвени за светкави модели на обувки, ремени, чанти и ѓердани. Надоврзано на металик текстурите кои извесен период се во редот на универзално обожаваните, некако логично е да се наметне трендот и на светкавите аксесоари. Во есенските колекции што ги презентираа светските брендови може да се забележи мултиплициран тренд на ваквите додатоци, кои несомнено ќе бидат меѓу најприменетите од модните инсајдери и во уличната мода. Не баш секој ги сака сјајните додатоци, но наш совет  доколку ги преферирате е да ги комбинирате со монохроматски комбинации, зашто на тој начин тие ќе бидат во преден план и нема да изгледаат нападно од целосниот изглед.

Pluma Pluma

Во однос на формите, нема некои поголеми разлики, освен дека шпицестите балетанки и чизмичките со отворени прсти остануваат како опција.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци