Масивните платформи повторно се актуени кај летните обувки. Без разлика дали припаѓате на оние кои ги обожуваат или оние кои никогаш не би ги облекле, актуелните тенденции укажуваат дека ова лето сандалите и кломпите на рамна платформа се исклучително популарни.

За нивната популарност апсолутно придонесуваат и највлијателните луксузни брендови кои дизајнираа и свои нови верзии на овие обувки, како Шанел, Прада и Клое, а модните блогерки често ги комбинираат во своите летни аутфити. Сето тоа придонесува за нивното доминантно присуство на сезонаската модна сцена.

Во однос на моделите, се издвојуваат оние со црни ременчиња со нитни, моделите со панделки, како и оние со плетени платформи, кои важат за особено популарни на туристичките места затоа што се удобни, а лесно може да се комбинираат со летните парчиња облека.

Направивме избор на неколку актуелни модели... 

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
827 пати