Сандали со полна пета - тренди и удобни модели за секој ден од неделата

31 јули 2014

Pull & Bear Pull & Bear

И додека на светската модна сцена владее трендот на рамни сандали, еспадрили и балетанки, армијата трендсетерки сепак остануваат доследни на елегантните чевли со потпетица.

Мезон Мартин Марџела Мезон Мартин Марџела

Минатата летна сезона некако се наметна тенденцијата на сандали и чевли со дебела потпетица како резултат пред се на удобноста но и можноста да ги комбинирате во различни модни стилови. Париската модна недела понуди навистина импресивна палета на сандали со полна пета во сите бои, форми и облици и голем број женски срца се вљубија во овие дизајни, пред сè поради дозата на романтика со која го обојуваат модното секојдневие.

Jeffrey Campbell Jeffrey Campbell

Без разлика дали сте решиле да носите кратко летно фустанче или тренди панталони, сандалите на дебела потпетица одлично ќе го заокружат целокупниот изглед. Предност дајте им на оние модели кои се декорирани со некој интересен принт или имаат аплицирано впечатлив детаљ.

Loeffler Randall Loeffler Randall

Како и да е ова се радосни вести и за вашите колена, грб, нозе и стапала. Дозволете вашиот секојдневен чекор да добие една навистина поинаква димензија која по секако ќе биде во актуелните граници на модата, а ќе се чувствувате комфор и леснотија на вашите стопала.

 

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци