Летото не поминува без отворените, ултра удобни сандали, за долги прошетки на летното зајдисонце.
Оваа сезона за лесен чекор, ама истовремено и за шик изглед, ќе ги носиме сандалите со ремени.

Особено популарни се оние со елегантни, тенки ремени на ниска потпетица, како и рамните модели (ниски или на платформа).

Овие сандали се особено практични за вашите дневни комбинации, а истовремено се одличен избор за вашиот летен одмор, затоа што ќе може да ги комбинирате и за преку ден и за навечер.

Девојките популарни во светот на уличната мода, сандалите на ниска потпетица ги комбинираат со елегантни панталони, килоти или здолништа – комбинаци што може да ги имате во предвид за долгото топло лето пред нас. Дел од нив ви посочуваме во продолжение...

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.235 пати