Седумте најнеопходни чанти на Сара Џесика Паркер

3 март 2017

Актерката и дизајнерка, Сара Џесика Паркер неодамна лансираше колекција чанти. Ова е нејзин втор обид во оваа гранка. Во 2014 година излезе првата колекција, но сега, како вели нуди нешто сосема ново и урбано.

Колекцијата го носи името „Седумте неопходни“ (Seven Esentials).

-Нашите седум есенцијални силуети ги обединуваат квалитет, функционалност и потреба. Како и чевлите, така и чантите се безвременски, создадени за сите жени и сите пригоди. Изработени се од италијанска кожа. Мноoгу сме горди што можеме да кажеме дека секое од прачињата е изработено во САД, нешто што за нас беше едно од најважните нешта – вели Паркер.

Ќе бидат достапни онлајн и на Bloomingdale, а цената се движи од 395 долари до 695 долари. 

 

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.469 пати