Сега можете да купите костим за капење со ликот на Хари и Меган

12 мај 2018

Веројатно и досега сте забележале дека Британците се „луди“ по кралското семејство, па воопшто не треба да ве чуди што тие со нетрпение ја очекуваат венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. 

До настанот на годината остана уште само една недела, а деновиве постојано излегуваат разни реквизити, облека и додатоци со нивните ликови. 

Последни во низата се костимите за капење со ликот на принцот Хари и неговата вереница, актерката Меган Маркл. 

Истите се дело на британскиот бренд Bags of Love, а изгледаат подеднакво смешно колку што и звучат. 

Брендот им нуди на клиентите сами да одберат која фотографија сакаат тие да ја стават на костимите, а бизарните парчиња ги продаваат по цена од 38 фунти. 

Ви се допаѓаат ли костимите?

Објавено:
12 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
427 пати