Сензуални костими за капeње за разиграно лето 2014

22 мај 2014

Колекцијата костими за капење на Goldenpoint ветува жешко и разиграно лето. Повеќето различни под-брендови кои ја сочинуваат колекцијата носат своја специфичност и шарм, а големиот избор на модели и дезени ги става дамите пред вистински предизвик при изборот.

Така, колекцијата на Philippe Matignon ја сочинуваат трендовски парчиња каде освен актуелните бои како розовата, неон нијансите на портокалово, тиркизната и стандардните бела и црна, присутни се доработките како украсување со монистри, ласерски исечени дезени на костимите и графички принтови. Карактеристика на оваа колекција е елеганцијата, која ги прави костимите вистински модни парчиња, синоним за релаксација и уживање на плажа, во коктел бар или на јахта.

Колекцијата SiSi е претставена со шаренолики и младешки модели, каде доминираат дводелните костими со интересни  цветни принтови и детали – текстура на тантела, карнери и сл. Особено атрактивен модел од оваа колекција е актуелниот трикини (комбинација од едноделен и дводелен костим), а доаѓа во неколку интересни бои и принтови.

Костимите од колекцијата Golden lady зрачат со свежина и оптимизам. Тропски принтови, комбинација на жолта и виолетова, како и поспортски модели – гаранција за удобност и позитивна енергија, без разлика дали се сончате или пак спортувате додека сте на плажа.

Се разбира кај сите под-брендови присутни се и додатоците како кошули, разни модели на парео и фустани, кои ги надополнуваат костимите за капење и го комплетираат изгледот.

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци