Сезонава сите го обожаваат деликатниот сребрен накит на OUXI!

17 мај 2019

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе видите негувана жена која секогаш успева да си посвети внимание себеси и да изгледа соодветно за годините.

Речиси секогаш, секоја комбинација што ние дамите ја одбираме за било каква пригода, на крајот сакаме да ја украсиме со накит што би соодветствувал на истата.

Во зависност од комбинацијата, секогаш бираме нешто различно и стилско, но постои безвременски накит што можеме да го комбинираме со што сакаме и кога сакаме.

Токму такви парчиња ви претставуваме денес, а истите се дел од сребрената колекција на популарниот бренд OUXI што од самото постоење работи со квалитетни Сваровски кристали.

Дизајнерите на брендот во колекцијата сместија парчиња сребрен накит со кристали, а во истата секоја дама ќе го најде својот фаворит без разлика на годините.

Во колекцијата има уникатни романтични ланчиња со младешки приврзоци што се како создадени за помладите, но има и ултра грациозни обетки во кои веруваме дека секоја повозрасна дама би се вљубила.

Она што задолжително треба да го знаете е тоа дека секое парче е изработено од сребро и е претежно во овие нијанси, но има и такви што дополнително блескаат благодарение на неодоливите кристали во сина и жолтеникава нијанса.

Во било која од нивните продавници можете да одберете накит за вас или пак за да израдувате некој, а она што не смееме да заборавиме е тоа што секој производ е ексклузивно спакуван во елегантна кутија за накит и ќесичка за подарок со логото на брендот.

За оваа колекција и уште многу други фантастични парчиња накит посетете некој од салоните на OUXI на локациите што ги гледате во продолжение.

Локации: 

Скопје - Партизански одреди бр.6 (во кулите до Соборна Црква)
Скопје -ЛЕПТОКАРИЈА (на поранешен Бутик Магнолија)
Гевгелија: OUXI - Радован Ковачевиќ бр.3 (спроти ресторан БОКО)
Кавадарци : OUXI - Мито Хаџивасилев Јасмин бр.60. ( под ГИМНАЗИЈАТА)
Кочани: Златара ТИ-НА 
Велес: Продавница C-Watch (наспроти поранешен офицерски дом)
Охрид: Златара ГОЛД (спроти Амам до бутик Look) 
Струга: Продавница SW
Струмица: Продавница "Red Mania Accessories" - ГТЦ Глобал
Битола: Фемина Битола - Широк Сокак бр. 131
Кичево: Фемина Кичево - Маршал Тито бр. 56
Куманово: Trendy - Куманово
Берово: Цвеќара „Виола Агрома“ - Маршал Тито бр. 29

*Комерцијален текст

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
702 пати