Шармантен едиторијал за чевли и чанти на T Magazine

5 септември 2014

 

чанта на Марк Џејкобс и чизми на Гучи чанта на Марк Џејкобс и чизми на Гучи

Во женското модно царство најценети и најскапоцени предмети секогаш се чантите и чевлите. Секоја жена сонува за полн плакар чанти и чевли потпишани од најголемите дизајнерски имиња во шоубизнисот. Креативниот тим на списанието „T Magazine“ ги здружи силите со фотографот Ентони Котсифас и решија да изработат еден сосема поинаков едиторијал. Декоративните кујнски садови и украсните предмети од домашниот ентериер послужија како сценографија во која шармантно се вметнати чанти, чевли со високи потпетици и чизми. Модните додатоци од зимските колекции на познатите дизајнерски имиња  Марк Џејкобс, Гучи, Селин се прикажани на мошне симпатичен и поразличен начин.

чизми на Валентино и чанта на Баленсијага чизми на Валентино и чанта на Баленсијага

Овие фотографски кадри се само потврда дека инспирацијата на креативците нема граници. И наједноставните предмети кои ја красат естетиката на домот можат да послужат како луксузни реквизити кои се доволни за да создаде една сосема поинаква фотографска приказна која комплетно го отсликува актуелниот трендовски моден дух.

чанта на Емпорио Армани, чанта Ботега Венета и чевли Брајан Атвуд чанта на Емпорио Армани, чанта Ботега Венета и чевли Брајан Атвуд

чанти на Роџер Вивиер и Тодс, а чевли на Бели чанти на Роџер Вивиер и Тодс, а чевли на Бели

чанта The Row, а чевли Селин чанта The Row, а чевли Селин

чизми на Луј Витон чизми на Луј Витон

 

 

 

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци