Една квалитетна чанта може да го трансформира комплетниот изглед.

Чантите и чевлите имаат исклучителна улога во градењето на визуелниот имиџ, па токму затоа етаблираните модни брендови речиси со секоја колекција имаат и посебна линија чанти и чевли на чија изработка се посветува особено внимание.

Имајќи го во предвид култниот статус на чантата, не само како практичен моден додаток, туку и како статусен симбол, направивме интересен избор на различни модели на чанти за секој ден, што може да најдат своја примена во зависност од вашиот личен стил.

Годинава како актуелен избор повторно се издвојуваат мини ранците во пастелни, земјени или металик нијанси, но и мини чантите со кратка рачка, а овој летен период особено се актуелни плетените чанти.

Кој е вашиот избор?

Објавено:
14 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
253 пати