Дизајнерите секогаш одбираат сатен кога сакаат да му дадат доза на елеганција и нота на свеченост на секое парче. Иако сатенски парчиња најчесто бираме за посебни прилики, кога се во прашање чевлите оваа пролет, сатенот ќе биде застапен и во секојдневниот изглед.

Шармантните пролетни сандали изработени од сатен се застапени во секоја варијанта и доаѓаат во широк избор на дизајни и бои.

Свои верзии на сатенски чевли имаат и луксузните и „high street" брендовите, а варираат од такви со шпицест врв и ниска тенка потпетица до такви на платформа со дебела потпетица.

Некои од дизајнерите своите дизајни на сатенски чевли ги надополниле и со украсни камења, ленти на врзување или машни, со што резултатот е подраматичен изглед.

 

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
758 пати