Плетените, сламени чанти што го одбележаа летово, претстојната сезона ќе бидат заменети со чанти изработени од еко кожа или велур. Оваа есен ќе носиме масивни чанти, со кратка рачка или преку рамо, изработени претежно од овие материјали.

Но, покрај торбите со големи димензии што ќе ги соберат сите неопходни ситници што секојдневно ги носиме со нас, исто толку популарни ќе бидат и мини ранците, како и малите чанти во геометриски симплифицирани форми.

Кога се во прашање овие модни додатоци, есенва тоналитетот е најчесто во загасити нијанси, како темно зелена, виолетова, бордо и тегет, но секогаш има исклучоци што подразбира и модели во интензивна жолта или црвена.

Фото извор: journal.hr

 

Објавено:
7 септември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
626 пати