Модната онлајн империја ASOS меѓу големиот избор на производи, нуди интересен избор на мини чанти, што оваа сезона се хит кај трендсетерките.

Подеднакво актуелни се и оние со кратка и оние со долга рачка, а нивната улога е повеќе естетска отколку практична.

Дури може да видиме како во уличната мода се комбинираат ваков тип на мини чанти со помасивни торби или ранци, што како тренд го наметнаа светските дизајнери минатата сезона.

Во зависност од нивниот дизајн, овие мини чанти се соодветен избор и кога се работи за стајлинг за некоја посебна пригода, бидејќи се суптилни, а доволно впечатливи.

Фото извор: Pinterest

Објавено:
14 ноември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
678 пати