Еден детаљ има моќ комплетно да го трансформира нашиот изглед.
Затоа никогаш не занемарувајте ја улогата на деталите и модните додатоци.
Преку нив го потенцираме карактерот на нашиот имиџ, затоа внимателно одбирајте ги и секогаш имајте на ум дека модните додатоци треба да бидат во прилог на нашиот личен стил, а не да бидат „вишок" во нашиот аутфит само поради моментот дека се тренд.
Ова правило се однесува и на модниот додаток што важи за актуелен хит во уличната мода: синџир-ремените.
Ова е специфичен аксесоар што може соодветно да се прилагоди во нечиј, но не во сечиј стил. Ако сметате дека е комплементарен со вашиот имиџ, тогаш ќе најдете широк избор како и со кои парчиња да го комбинирате во вашиот секојдневен изглед или за посебни пригоди.
Ви посочуваме неколку интересни идеи...