Во новиот летен лукбук на брендот за модни додатоци Luv Aj, ќе најдете одлична инспирација како да го комбинирате вашиот накит, но исто така ќе се информирате каков накит е тренд кај девојките кои се во рок фазон.

Она што на прв поглед ви станува јасно кога ќе ги разлистате црно-белите фотографии од лукбукот е дека: никогаш не е доста од накит. Комбинација на синџири и приверзоци се во секоја можна варијанта како: долги и кратки ланчиња, венчиња, обетки и прстени, нараквици за дланките и синџири за преку рамо...

Сите доаѓаат во комбинација на сребрена и златна боја, што последниве неколку сезони е незаменлив хит. Притоа, ваквата комбинација на накит одлично се вклопува во актуелниот тренд на ретро 70-ти, па е совршен финиш на вашите лелеави и транспарнетни кошули, кратките џинс бермуди, комбинизоните и кратките топови и кожените мини ранчиња.

 

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци