Сите „IT“ модели на чанти од Манго за оваа пролет

27 февруари 2018

Добра чанта е секогаш приоритет во еден комплетен и префинет изглед. А изборот на чанти во Манго за оваа пролет е неодолив.

Моделите варираат од класични и безвременски во неутрални тонови до такви кои што се реплика на најактуелните трендови.

Доколку преферирате класичен стил, во таа насока ќе најдете елегантни чанти со суптилна линија и кружни рачки или такви што може да ги носите преку рамо.

Сезонава особено ќе бидат актуелни чантите со кружни форми, што ќе ги најдете во повеќе варијанти.
Исто толку популарни остануваат и плетените чанти, во геометриски форми, како и чантите изработени од транспарентен PVC.

Погледнете дел од изборот.

 

Објавено:
27 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.581 пати