Соработка меѓу Трусарди и Морелато за нова линија часовници

4 јули 2014

Групацијата препознатлива по изработката на накит и часовници Морелато,  потпиша договор со италијанскиот бренд Трусарди чија реализација стартува  од есен 2014 година.

Со склучување на ова партнерство, Трусарди го проширува концептот во однос на секторот за часовници.

„Трусарди е препознатлив италијански бренд кој традиционалните вредности ги пренесува во бизнис секторот, особено преку моделите на часовници, а тие се моја голема пасија“  - изјави Томасо Трусарди, извршен директор на Трусарди.

Двата објавени модели се во спортско-елегантна верзија, наменети за сите мажи што го негуваат ваквиот стил и секако се заљубени во часовниците.

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци