Припадничките на понежниот пол секогаш се во потрага по идеален пар на чевли кои ќе бидат со препознатлив дизајн, квалитетни и со добра цена.  Совршен повод за купување на нов модел се токму претстојните новогодишни и божиќни празници, свечени поводи кои наметнуваат избор на впечатлив изглед. Младата дизајнерка Софи Вебстер нуди еклектичен дизајн, односно успешно си пoигрува со принтовите и боите.

Нејзините чевли се идеален избор доколку сакате да ја избегнете зимската монотонија со посмели нијанси и колор – блок комбинации. Покрај моделите на Софи, внимание привлекуваат и чевлите од Валентино Рокстуд и елегантни сандали со потпис од Николас Кирквуд, украсени со панделка и дрвени потпетици. Во галеријата разгледајте ги фотографиите и одберете го вашиот модел за новогодишната прослава.

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци