Статистиката вели: ова е најпопуларниот костим за капење за 2017

6 јули 2017

Белиот едноделен костим за капење на брендот Vitamin A, е најпопуларниот модел за актуелната сезона, ако се повикаме на статистиките на Пинтерест.

Овој модел годинава на Пинтерест бил споделен повеќе од 14 илјади пати, што според статистиките на оваа платформа, се издвојува како најпопуларен костим за капење за 2017 година.

Инаку се работи за едноставен, едноделен костим за капење со отворен грб, каде фокусот е ставен на дебелите, паралелно поставени траки изработени од истиот материјал и во истата боја.

Покрај белата варијанта, овој модел е достапен во продажба и во црна, темно сива и темно сина боја, а чини 180 долари.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.325 пати