Веројатно веќе го препознавте овој модел чизми на Клое што беше хит пред седум години, а можеби имате и еден чифт во вашиот плакар.

Тогаш, истите беа навистина популарни и често можевме да ги видиме во комбинациите на познатите дами и на речиси секој пост на блогерките.

Иако може да се каже дека овие чизми никогаш и не излегоа од мода, кон крајот на минатата година девојките повторно ги популаризираа, а модните експерти велат дека ќе бидат хит и во 2019 – тата година.

Навидум во каубојски стил, овие чизмички се супер барани и поради впечатливите ремчиња со нитни од страните, но и благодарение на везените апликации што изгледаат кул во сите варијанти.

Тие се доволно впечатливи за да ја раубават секоја комбинација, а можете да ги набавите во неколку бои како црна, крем, темно црвена и други.

Познатата модна куќа смести неколку модели во нивната пролет/лето 2018 – та колекција, па токму поради тоа се очекува нивната популарност повторно да расте и да ги гледаме сè почесто.

Во галеријата погоре погледнете како девојките досега ги комбинираат и инспирирајте се!

Објавено:
15 јануари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
436 пати