Сваровски како синоним за вечната мода на кристалот

11 мај 2013

Инаку компанијата се создава од страна на  Armand Kosman и Franz Weis во 1895 година. Кристалот Сваровски се однесува на стаклени скулптури и минијатури, накит, аксесоари во високата мода, домашен декор и лустери. Првично логото на брендот беше планинско цвеќе, додека од 1988 година е сменет во  прекрасниот лебед кој сите  многу добро го познаваме. Денес постојат повеќе гранки на интернационалната компанијата во смисла на подружници за моден накит и кристални орнаменти, чанти и интериорни дизајнирани парчиња, оптика, авангардно осветлување, кристални дизајни, скапоцени камења и секако производство на лустери.

Елементите на Сваровски се избор на дизајнерите  кои обезбедуваат најнови трендовски иновации до креативните таленти во областа на модата, аксесоарите и ентериерот. Во областа на високата дизајнерска мода, Сваровски обезбедува цела разновидна понуда на кристали во различни форми, бои и креации и обезбедува погодно тло за инспирација и создавање гламур во модата.

Со еден збор креациите на Сваровски се неопходен работен материјал во интернационалните модни креации на дизајнерските имиња и едноставно кристалот во сите негови варијанти е постојано присутен на модната писта и во секојдневниот живот.

Објавено:
11 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци