Светкави чизми за празничната сезона
•
1 декември 2018
Зошто секој ден да не е магија? Додадете празничен шмек во вашето секојдневие кога предновогодишниот амбиент веќе е присутен, па одберете чизми со светки што ќе му дадат посебен сјај на вашиот изглед.
Но, ваквиот модел на чизми треба внимателно да се комбинира, зашто во спротивно лесно може да се промаши со допадливиот изглед.
Со оглед на тоа дека светкавите чизми се впечатливи само по себе, препорачливо е да се комбинираат со монохроматска облека со минималистичка естетика. Изгледаат одлично во спој со џинс, маичка со натпис и макси капут или пак со женствен црн фустан и крзнени детали, а особено шик со дведелно одело и суптилен накит...
Издвоивме неколку инспиративни комбинации од уличната мода што ќе ве охрабрат во изборот.