Твидот е еден од препознатливите печати на луксузниот француски бренд Шанел и не поминува ниту една колекција без овој материјал да биде имплементиран во дизајнот на било каков начин.

Но, твидот е вообичаен материјал кога е во прашање облеката, но не и очилата за сонце. Шанел, иновативни како и секогаш, најдоа начин како нивниот заштитен знак да го искористат и во новата линија очила за сонце.

Се разбира, не се работи за директно имплементирање на твидот како материјал, туку е направен дезен на рамките на новите очила за сонце што е инспириран токму од овој материјал.

Новите очила за сонце од Шанелн се масивни, со широки и шарени, транспарентни рамки што ги прави неодоливо симпатични. Во продолжение неколку примероци:

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци