Свилените марами на Ермес во служба на World Horse Welfare

31 октомври 2014

Францускиот луксузен бренд Ермес, чија историја е тесно поврзана со неизмерната љубов кон коњите, уште еднаш докажа дека тие се вистинска водечка инспирација во нивната работа и творештво. Станува збор за нова лимитирана колекција на свилени марами насловена A cheval sur mon carré (Коњ на мојата марама), а средствата од продажбата ќе бидат наменети за добротворната организација World Horse Welfare.

Ова не е прва ваква соработка на брендот со добротворната организација. Имено, францускиот бренд својата наклоност кон коњите ја покажа и претходната година кога повторно изработи лимитирана колекција свилени марами чии средства од продажбата беа наменети за потребите на организацијата World Horse Welfare и помош за благородните и грациозни животни - коњите.

Сината основа на марамите кои се изработени од високо квалитетна свила е идеја на Бали Бенет кој во 2006 година бил креативен директор на модната куќа. Колекцијата вбројува 300 парчиња марами кои се достапни во сите продавници на Ермес шурум Велика Британија и Ирска. Секој модел чини 310 фунти.

 

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци