Tiffani&Co со колекција која гравитира во доменот на шик-минимализмот

11 септември 2014

Американската компанија за производство на луксузен накит Tiffany & Co ја лансира најновата колекција накит сочинета од прстени, ѓердани и алки  кои ја следат традицијата на брендот што датира од далечната 1837 година. Станува збор за линија која гравитира во рамките на шик-минимализмот со примеси на постоечките тенденции на накит.

 

Армијата вљубенички во препознатливиот дизајн на Tiffany & Co несомнено е дека инстантно ќе ги посакаат последните модели кои се во нијанси на сребрена, златна, црна и бакарна нијанса, со оглед на тоа дека истите веднаш станаа популарни на социјалните мрежи.

Покрај тоа што парчињата го следат препознатливиот сензибилитет на брендот кој константно се движи во рамките на едноставност, овој пат е дополнително нагласен со светкави каменчиња и штрас.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци