Оваа есен, брендот Timberland настапува со нова кампања која прачува „Создадени за модерни патеки“. Со ова познатиот бренд ве воведува во новата приказна, каде облеката е редефинирана за надоврешни услови и сè повеќе е доближена до градот, каде живее нова генерација на трагачи по авантура.

Тимот на Timberland оваа есен ве насочува кон секојдневните авантури кои доаѓаат спонтано и ги исполнуваат животите на сите нивни потрошувачи во денешното, градско окружување. Токму затоа, најновата нивна колекција е разновидна, а покрај естетиката, особено внимание се обрнува на издржливоста на производите на временските услови и адаптиран стил за активен и урбан животен стил.

„По поминати три години разговарајќи со повеќе од 18.000 потрошувачи од осум држави, добивме важни увиди во она што природата значи за денешниот потрошувач. Tипичното надворешно окружување игра значајна улога за нашиот клиент, но исто така значи истражување на патиштата, соседствата и тротоарите кои сѐ уште не се проодени, понекогаш и во самите градови“– објасни Џим Дејви, потпретседател на глобалниот маркетинг за Timberland и додадва: „„Создадени за модерни патеки“ не е само место, туку и возбудливо движење напред кон нешто ново и непознато. Со тоа што дигитално сме поврзани, никогаш не се знае која е следната можност, така што адаптирањето е клучен елемент. Есенската колекција на Timberland ги опремува модерните пионери со стилот кој им е потребен кога нивниот пат се менува постојано и секојдневно“, завршува Дејви.

„Создадени за модерни патеки“ е патување низ градските улици, непредвидливото време и планови направени во последен момент, а Timberland ја овозможува разновидноста во обувките, модните парчиња и додатоци кои им дозволуваат на потрошувачите да се движат без да се грижат. Каде и да нѐ носи денот – преку промени во температурата и теренот или кон рафинирани ноќи  - прилагодувањето е фундаментално за секоја комбинација. Ова е инспирацијата при дизајнирањето на колекцијата обувки, облека и додатоци, која е презентирана преку неколку различни капсулни линии. Погледнете.

Објавено:
17 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.840 пати