Том Форд убедливо со највпечатлива колекција чевли на LFW

19 септември 2013

Ако на Њујоршката модна недела што се однесува на обувките, фокусот беше ставен во знакот на елеганцијата, на модната недела во Лондон, од  презентираните обувки за пролет-лето 2014 година може да се сретнат претежно минималистички линии и чевли во пастелни нијанси. Селектираната галерија вбројува од драматични до ултра секси како оние од колекцијата на Том Форд. Но, заедничко за сите нив е тоа што полека но сигурно се бега од премногу тенката висока потпетица, а се повеќе дизајнерите се стремат кон стилизираната полна или квадратна потпетица, која во некои случаи дури изгледа премногу нападно.

 

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци