Традициите на Истокот и Западот споени во новата колекција накит на Aurelie Bidermann

26 септември 2014

Бескрајните хоризонти на Далечнот Исток и градацијата на златните и тиркизните тонови од Дивиот Запад им послужија како инспирација на дизајнерите од брендот „Aurelie Bidermann“, во новата колекција за сезоната пролет-лето 2015 година.

Индиските ракотворби и традиции одлично се сплотија со тиркизниот шарм на украсните камења и сјајот на златото, а крајниот резултат се уникатни парчиња накит кои ќе бидат актуелни наредната жешка сезона. Тиркизната магија и талисманите карактеристични за индиската култура декорирани со цветни златни дизајни и скапоцените камења се успешно вткаени во новите ѓердани, алки, прстени и обетки на „Aurelie Bidermann“.

Оваа колекција со сигурност ќе им се допадне на сите вљубенички во уникатниот стил, но и сите оние кои веруваат во моќта на талисманите. Аурата и енергијата која ја шират специјалните украси вметнати во накитот одлично ќе се вклопи со различните стилови на секоја дама и вие едноставно ќе ги одземате сите воздишки каде и да се појавите.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци