Транспарентни модни додатоци меѓу тенденциите оваа сезона

23 март 2019

Оваа пролет носиме модни додатоци изработени од транспарентни материјали.

Сандали со транспарентна потпетица или проѕирни ременчиња, чанти во повеќе транспарентни слоеви или накит со транспарентни детали– голем избор во прилог на овој извикан тренд за пролетва.

Oвој тип на модни додатоци ќе го освежат и разиграт вашиот пролетен имиџ, а одлично се вклопуваат и со остатокот од актуелните тенденци, особено оние кои што доминираат во уличната мода.

Комбинирајте ја транспарентната мини чанта околу струк со блејзер или миди фустан, кломпите со проѕирна потпетица ќе го надополнат вашот аутфит што вклучува комбинезони или панталони со висок струк, а транспарентните нараквици во различни нијанси може да ги вметнете во бохо комбинација.

Издвојуваме неколку интересни модели на овој тип на модни додатоци, што ќе ве инспирираат.

Фото: Пинтерест

Објавено:
23 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
518 пати