Ако досега не сте чуле за брендот „Trademark“, тогаш задолжително побарајте ги на социјалните мрежи и погледнете ги нивните дизајни.

Тие прават неверојатно стилски чанти со супер интересни форми кои се одлично дополнување на секојдневните комбинации.

Пролетната колекција на брендот предизвика огромен интерес на Инстаграм, откако ИТ девојките ги открија новите модели и почнаа да ги комбинираат секојдневно.

Чантите се посебни затоа што се направени од исклучителни материјали, одвнатре се обложени со карирана постава, а дел од нив имаат интересни додатоци како ременче во предниот дел и обложени рачки.

Торбите рачно се изработуваат во Италија од најквалитетна кожа, што секако придонесува за нивната побарувачка.

Цените на чантите почнуваат од 98 долари поради што се продаваат со брзина на светлината и речиси под секој модел пишува „продадено“.

Дизајнерките на брендот, Пуки и Луиса нагласуваат дека инспирација им се силните жени со одличен стил како Лејди Ди, Џеки Кенеди и Палома Пикасо.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
222 пати