Турбан - моден додаток за впечатлив новогодишен изглед

5 декември 2017

Турбанот како моден додаток веќе со сезони наназад е присутен на модната сцена. Можеби не е сосема во врвот, како некои други модни трендови, но можете да го искористите за разни пригоди и секогаш ќе бидете впечатливи, бидејќи неговата актуелност не се намалува.

Всушност, многу често и модните личности посегаат по овој моден детаљ. Од Грејс Кели, преку Кеј Мос, Алиша Киз, Џенифер Лопез до Ријана, голем број дами се одлучија во одредени пригоди да стават печат на својот изглед, токму со турбанот.

Овој тренд го следеа и уличните брендови, па ги гледавме низ продавниците во секое годишно време. 

Во пресрет на новата празнична сезона, посегнете по ова парче повторно и свртете го вниманието кон себе. Дали ќе одберете обичен еднобоен во комбинација со впечатлив фустан или комбинезон, или ќе се одлучите за некој од кадифе, или пак за украсен во комбинација со едноставно парче облека, изборот е ваш.

Дури и да не можете да најдете украсен, секогаш постои шанса самите да го сторите тоа, само употребете ја креативноста. Пердувите, везените апликации, украсните камења, монистрата се секогаш добар избор.

Ако не сте сигурни за турбан, тогаш втората опција се лентите за коса во сличен стил.

Во продолжение погледнете неколку идеи и размислете како можете да го импелемтирате во вашиот новогодишен изглед:

 

фото избор: vogue.com; pinterest.com;

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.060 пати