Доколку сакате да го пренесете духот на ориенталниот амбиент преку вашиот стил, тогаш наједноставно впечатлив ефект ќе постигнете со егзотичниот турбан. Сплетот на бои и дезени кај овој моден детал може природно да го вклопите во различни варијанти: од боемски и хипи до ретро изглед.  Секако дополнително ќе ја разиграте вашата секојдневна комбинација доколку ставите и маркантни обетки и впечатливи прстени во силни бои.

 

 

Турбанот е специфичен дел од националната облека карактеристична за некои земји особено на  Блискиот Исток, Јужна Азија и Северна Африка, меѓутоа токму поради специфичниот шарм се модернизирани во западниот свет.

 

 

 

 

 

Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци