Украсните венчиња за коса ќе му дадат стилска нота на вашиот летен изглед

11 јуни 2019

Да, ова лето е во знакот на украсните венчиња за коса, барем кога се во прашање модните додатоци.

Имаат функција да му дадат печат на вашиот изглед, во секој поглед, и кога сте облечени во обична, секојдневна комбинација и кога сте дотерани за свечена пригода.

Токму заради нивната прагматична примена, девојките ги обожуваат.

Особено во ситуација кога немате идеја што да правите со вашата коса, а сакате брзо да се подготвите – украсното венче е инстантно решение.

Покрај оние хит венчиња изработени од плишан материјал во различни бои, актуелни се и венчињата со бисери, како и оние со марами во различни дезени.

Имате ли свој фаворит?

Фото: Пинтерест

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.901 пати