Вистинска пролетна кампања на „Џими Чу“ со Дакота Фенинг

11 март 2017

Модниот бренд „Џими Чу“ неодамна ја претстави кампањата за колекцијата пролет-лето 2017 година, а заштитно лице на истата е актерката Дакота Фенинг.

Атмосферата што ја претставуваат фотографиите сосема соодветствува на претстојната сезона.

Разиграност и романтичност е она што веднаш ќе го забележите, нешто во што би можела да се пронајде секоја жена.

-За мене Џими Чу е легендарен бренд. Веќе сум имала можност да ги носам нивните чевли и тоа неброено многу пати, затоа што во исто време изразуваат став, а можете да ги комбинирате со бројни стајлинзи – вели Фенинг.

Таа додава дека нејзината врска со високите потпетици почнува уште од најмала возраст кога ги „крадела“ чевлите на тетка си при посетата во Мајами.

-Имав околу две години и инсистирав да ги носат секаде за време на патувањето. Во оваа колекција на „Џими Чу“ има и едни бели патики кои ги обожувам. Практични се и идеални за секојдневни активности низ градот. Но, не можам да кажам дека не ми се допаѓаат и сандалите на ременчиња, металик, виолетовите и зелените чевли. Едноставно, комплетна колекција – објаснува актерката.

Освен обувки, колекцијата содржи и чанти и очила за сонце, што ја надополнуваат приказната.

Во продолжение погледнете ги и останатите фотографии од кампањата, која е сликана во Лос Анџелес.

Објавено:
11 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
454 пати