Зачекорете смело со пролетната колекција на Bata!

22 март 2017

Колекцијата на Bata за оваа сезона изобилува со шармантни модели на чевли кои гарантираат удобност и стил. Снимани во еден од најкосмополитските градови во Европа, Барселона, фотографиите се полни со живот и оптимизам, а како заштитно лице повторно го среќаваме познатиот италијански модел, Мелиса Сата.

А како изгледаше снимањето, погледнете во видеото во продолжение:

 

Нови трендови

Оваа сезона како тренд се појавува дезенот на тантелата во вид на перфорации на различни модели на спортските обувки и летните чизми, кои пак, црпат инспирација од „Кочела“ фестивалите.


Доминација на ретро стилот

Спортските обувки добиваат нови форми, а ретро стилот на подебел ѓон повторно се враќа во мода. Металик сјајот преовладува на различни парчиња и е задолжителен елемент кој ќе даде шик изглед на комбинацијата.

 

 

Нова технологија за носење високи потпетици без болка

Конечно жените можат да уживаат во носењето на омиленот моден додаток – чевли на високи потпетици. Обувките добиваат нова димензија и удобност благодарение на новата технологија - Bata Insolia.

Овие чевли се создадени за пешачење, кои притоа ќе направат да изгледате повисоко, ќе се чувствувате комфорно, правилно ќе ја распределат тежината на целото стапало и истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено.

Подобрувањето на држењето на телото и балансот, намалувањето на притисокот во колената и на предниот дел од стапалото  се клучни бенефити кои ги овозможува оваа технологија.

Зачекорете смело во пролетта со новата колекција чевли на Bata!

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
669 пати