Задолжително место во куферот за костими за капење со флорални принтови

16 јуни 2017

Ако сте во подготовка за вашиот летен одмор и веќе го правите планот за тоа со што ќе го наполните куферот, едно од оние задолжителни парчиња се: костимите за капење со флорален принт.

Некако не можеме да замислиме лето без флорален принт, а истиот е присутен буквално на секое парче од гардероберот. Почнувајќи од омилениот џинс со флорални везови па се до костимите за капење што сега се особено актуелни.

Ретро костимите за капење, дводелните со висок струк како и оние со длабоко деколте се апсолутен моден хит. Истите тие во спој со цветни мотиви се „must have" за оваа летна сезона.

Доколку се уште не сте се одлучиле за омилениот модел, ние ви нудиме неколку интересни варијанти.

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
399 пати