Задолжително за претстојната сезона: Уникатни ракавици од Елена Лука се во модниот фокус за оваа зима

8 октомври 2019

Елегантни модни додатоци се есенцијата на префинетиот имиџ.

Во зимската сезона акцентот секогаш е на топлите модни додатоци, а особено модното внимание го привлекува добар, кавлитетен пар ракавици.

Веќе е време да го надополните вашиот гардеробер со стилски парчиња кои во оваа зима ќе дадат автентичен карактер на вашиот имиџ, затоа ви препорачуваме да ја погледнете ексклузивната колекција кожени ракавици со препознатливата естетика на Елена Лука.

Исклучително квалитетни, изработени со посебно внимание, овие модели на ракавици истовремено имаат и практична и естетска функција.

Достапни се во повеќе модели со цел да се понуди избор што ќе одговара на сечиј сензибилитет.
Од кратки кожени ракавици, до такви со длабочина до зглобот и до подлактицата, во нијанси на кафена, сива и црна варијанта.

Може да ги комбинирате со уникатните капути од богатата понуда на Елена Лука, но и со кратки палта, сакоа, џемпери или блејзери.

Достапни се во продажба во ателјеата на Елена Лука како и на онлајн продавницата на брендот.

 

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
745 пати