Зошто дизајнерските мини чанти чинат колку и големите?

3 април 2017

Веројатно сте си го поставиле ова прашање некогаш. Според нашата логика, за мини верзиите на големите дизајнерски чанти се троши помалку материјал, а веројатно и времето на изработка е помало, па според тоа и цената би требало да е помала.

Притоа, не се мисли на клач чантите, што знаат да бидат вистинско уметничко ремек дело.

Повеќе се мисли на оние што ги користиме во секојдневието. Мини верзиите се најголемиот тренд во моментов, иако во нив не можете да ставите ништо освен неколку ситници. А тоа е и една од причините за цената.

На мини верзиите не е пресликан само дизајнот од чантите со регуларни пропорции, туку и астрономските цени, па просечниот купувач воопшто не може да си ги дозволи. Но, прилагодувањето кон луксузниот пазар на чанти носи одлични резултати, па денес речиси секоја модна куќа поседува бестселер и мини верзија од бестселерот. А на тој пазар, цената не претставува проблем.

На пример, Valentino Rockstud моделот во голема димензија чини 2.200 евра, а малата 1.950 евра. Мини верзијата на еден од најпосакуваните модели, Fallabela на Стела Меркартни чини повеќе од големата.

Стручњаците велат дека се работи и за паметна маркетинг стратегија, со која брендовите опстојуваат на пазарот, а исплатливоста е голема.

Фенди, Миу Миу, Валентино се само дел од брендовите што за актуелната сезона предлагаат мини-верзија на чантите, кои чинат над 1000 евра, а што се идеални за фестивали, вечерни излегувања, прошетка со пријателите или било која друга пригода за која ви се потребни само неколку ситници.

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
586 пати