Зошто женските чанти чинат повеќе од машките?

4 декември 2014

Сексистичката политика во однос на цените на женските и машките чанти не е никаков новитет. Брендовите ширум светот, од Моноприкс во Франција, па се до Валгринс во САД, се обвинети за ваквата дискриминација, која стана пракса во модната индустрија.


Аманда Мул на Purse Blog's ги објави информациите од студијата за чии потреби беа употребени модели на чанти од повеќе модни куќи и тоа од машка и женска колекција. Се разбира, моделите на чантите не се идентични, но Мул водела сметка селектираните модели да бидат слични во дизајнот, формата и големината. Интересен факт е дека и покрај тоа што машките модели на чанти се поголеми во однос на женските и тоа мерени според кубни инчи, сепак тоа не е одлучувачки фактор во дефинирање на цената. Односно машките чанти се поефтини за 1, 38 евра за кубен инч, додека жените плаќаат по 1, 65 евра повеќе за кубен инч.

Александар Меквин, женска чанта – 2, 595 долари Александар Меквин, женска чанта – 2, 595 долари

На крајот од блогот, Аманда го изнесува својот заклучок според кој овој тренд ќе продолжи и понатаму да функционира со ист интензитет, од едноставна причина што за мажите модните додатоци, особено чантите се сеуште исклучок во комплетирање на изгледот. За разлика од нив, жените ги сметаат чантите како задолжително парче, а страсните колекционерки како начин за означување на социо – економскиот статус и успех на деловен план

Александар Меквин, машка чанта – 2, 095 долари Александар Меквин, машка чанта – 2, 095 долари

Баленсијата, машка чанта – 1, 095 долари Баленсијата, машка чанта – 1, 095 долари

Баленсијага женска чанта – 1, 395 долари Баленсијага женска чанта – 1, 395 долари

 

 

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци