20 насловни страни со Џенифер Анистон

16 мај 2013

Како и поголемиот број ѕвезди, нејзината кариера започнува со мали улоги, но целата ситуација се менува кога ја добива улогата на Рејчел во серијата „Friends”. Благодарение на оваа улога, таа добива статус на една од најскапо платени глумици, но станува и модна ѕвезда, поради убавината на нејзината коса, за која признала дека била единствена која не ја сакала.

Во меѓувреме додека сеуште се емитувала серијата „Friends”, Џенифер ги снима филмовите „Rock Star” и „The good girl” со цел да даде до знаење дека покрај хумористичната страна, добра е и во драмските улоги. Во 2000 година на приватна церемонија стапува во брак со Бред Пит, но нивната бајковита приказна завршува во 2005 година кога тој јавно ја започнува врската со Анџелина Џоли, партнерката од филмот „Mr & Mrs Smith”. Покрај бурниот период, актерката остана присебна и не обрнуваше внимание на сензационалистичките написи по магазините, а денес е во среќна врска со вереникот,  Џастин Терокс.

Џенифер Анистон во текот на кариерата успеа да ги освои симпатиите на голем број дизајнери и модни критичари. Покрај филмските улоги, актерката се најде на насловните страни на голем број модни магазини, меѓу кои The Rolling Stone и американскиот Vogue, по разделбата од Бред Пит.  Во продолжение погледнете ги 20 насловни страни кои ги красеше холивудската миленичка,  Џенифер Анистон.

Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Сцена