33 комбинации и факти за 33. роденден на Лејди Гага

28 март 2019

Пејачката и актерка Лејди Гага, денеска го прославува 33 роденден. Токму затоа, ние во продолжение ве потсетуваме на 33 интересни информации за неа, како и галерија со тоа како се менуваше стилот низ годините:

1. Нејзиното целосно име е Стефани Џоан Анџелина Германота.

2. Хитот на групата „Квин“ од 1984, „Radio Ga Ga“, бил инспирација за нејзиното уметничко име.

3. Кога имала четири години, мајка ѝ ја терала да седи на пијано еден час дневно, независно дали ќе свири или не.

4. Првиот настап го има во прво оделение и тоа во драма. Костимот го направила сама од алуминиумска фолија и закачалки.

5. Од 11 години па до денес, таа сè уште го има истиот професор по пеење, Дон Лоренс.

6. Внукот на Лоренс ја слушнал како пее во еден бутик во Њујорк и ја поврзал со неговиот чичко.

7.Одела во најстарото училиште за девојки на Менхетен.

8. Во истото училиште оделе и Каролин Кенеди, како и Парис и Ники Хилтон.

9. Гага била единствениот ученик што работел после училиште. Работела како келнерка во ресторанот Upper West Side diner.

10. Во прва година средно, се приклучува во кавер бенд кој свири рок песни од „Лед Цепелин“ и „Ју ту“.

11. Има многу тетоважи, но првата е виолински клуч во долниот дел на грбот.

12. Првата позната личност во која што била вљубена бил актерот Едријан Броди.

13. Кога имала 15 години, имала мала улога во една од епизодите на „Сопранови“.

14. Таа била една од 20. студенти кои биле рано примени во Њујоршкиот универзитет „Tish School of the Arts“, но после вториот семестар се повлекла.

15. Додека одела на колеџ, на „Фејсбук“ постоела група наречена „Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната“.

16. Ја запознала Лејди Старлајт, уметник и изведувач, а подоцна и соработник на Гага, во бар каде што Лејди Старлајт настапуваше, а Гага се забавуваше со менаџерот на барот.

17. Дури и Лејди Гага работела како танчарка во клуб.

18. Акон е тој што ѝ помогна на Лејди Гага да започне соло кариера. Тој ја потпишал на неговиот албум и оттаму започнало сè.

19. Откако британски новинар ја помешал со Ејми Вајнхаус, Гага одлучила да стане блондинка.

20. Таа настапи пред „New Kids on the Block“, на нивната турнеја во 2008.

21. Нејзината песна „Telephone“, всушност била напишана за Бритни Спирс за албумот „Circus“.

22. Нејзината помала сестра Натали е во видеото за истата песна.

23. Нејзиниот татко, претседател на „GuestWifi“ помогна да се шири безжичен интернет пристап во хотелите. 

24. Таа настапува без панталони поради нејзината баба. Таа има многу слаб вид и може само да ги забележи светлите делови од неа, како нејзината кожа и коса.

25. Нејзиното средно име, Џоан ѝ е дадено во чест на нејзината тетка Џоан, која починала од лупус.

26. Џоан починала на 19-годишна возраст, 12 години пред Гага да биде родена. Петтиот албум на пејачката е насловен токму по нејзината тетка и е комплетно во нејзина чест направен.

27. Лејди Гага е кума на двајцата синови на Елтон Џон.

28. Повеќе го сака Њујорк отколку Лос Анџелес.

29. Над каминот, има урамено писмо од Дејви Боуви.

30. Нејзината песна „Boys, boys, boys" била инспирирана од хитот на „Мотли Кру“ „Girls, girls, girls“.

31. Лејди Гага страда од фибромиалгија. Тоа е едно од најчестите нарушувања на коскено-мускулниот систем. Сепак, постојат многу неодговорени прашања за оваа болест, па дури и меѓу лекарите. На пример, сè уште не е познато што ја предизвикува болеста, а се рефлектира со голема болка во телото (на дел од телото или целото тело), до степен на неиздржливост.

32. Нејзиниот парфем „Fame“ е првиот во светот кој ја менува бојата од дното на шишенцето, во магла, односно замагленост. Опишан е како „Најважната иновација во светот на мирисната индустрија во последните 20 години“.

33. Лејди Гага е првата жена во светот на која ѝ успеа да освои „Оскар“, „Греми“, „Бафта“ и „Златен глобус“ во една година и сите за остварувањето „Ѕвездата е родена“.

Во продолжение погледнете 33 фотографии кои покажуваат како се менуваше нејзиниот стил:

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
802 пати