4 стајлинзи во еден ден: Пријанка Чопра во комбинации за сите пригоди

20 март 2019

Пријанка Чопра во текот на вчерашниот ден смени четири стајлинзи, со што го привлече вниманието на модните медиуми.

Актерката се појави во Њујорк, каде гостуваше во ток-шоуто „The View“, а темата беше нејзината свадба со Ник Џонас и брачниот живот. 

Во емисијата носеше розов фустан до колена, со мал карнер токму во тој дел. Целиот е со набори и широк кадифен ремен. Сандалите пак се розови.

Но, модните критичари посебни пофалби упатуваат до нејзиниот стајлинг  при доаѓањето во емисијата.

Се работи за транспарентен фустан со точки. Здолништето е со карнери, околувратникот е висок, половината е истакната со црна лента, додека одоздола актерката носи црно секси боди. Стајлингот е комплетиран со црни чевли на висока потпетица, што се врзуваат во панделка околу глуждот.

На заминувањето пак од емисијата, таа се појави во поегзотичен стајлинг. Се работи за панталони со животински принт во окер нијанса. Ги комбинра со бела маица и наметка во истата нијанса со панталоните и дискретен ориентален принт, а ракавите се украсени со тантела. Изборот на обувки се бели чизми. 

Последната комбинација, која Пријанка ја носи при излегувањето од домот во вечерните часови подразбира џинс, црни кратки чизми, црна блуза и кожена јакна.

Ова мини модно шоу на актерката може да биде инспирација за тоа како можете да се средите за различни пригоди и во различни делови од денот.

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
942 пати
Тагови: 
Пријанка Чопра