50. роденден на Џенифер Анистон со насмевки, забава и Бред Пит

11 февруари 2019

Актерката Џенифер Анистон викендов го прослави својот 50-ти роденден во нејзиниот омилен ресторан во Западен Холивуд.

На забавата присуствуваа голем број познати ѕвезди, од Елен Деџенерис, преку Кети Пери и Орландо Блум кои пристигнаа на мотор, до Кејт Хадсон со сопругот, Џорџ и Амал Клуни, Гвинет Палтроу, Барбара Стрејсенд и многу други.

Рис Витерспун се сопна на скалите, а папараците успеаја и тој момент да го „фатат“.

Сепак, она за што се зборува денеска најмногу е присуството на Бред Пит. Во странските медиуми се појавија папарацо фотки како актерот пристигнува во ресторанот со капче на глава.

За потсетување, двојката се раздели во 2005 година после седумгодишна врска, а причината беше романсата на Пит со Џоли.

Инаку, за актерот пак периодов се шпекулира дека е во врска со убавата Шарлиз Терон, откако минатата година се разведе од Џоли со која имаат шест деца. 

Сепак, фактот што тој дојде на прославата на нејзиниот 50. роденден говори за тоа дека поранешните партнери се во добри односи.

Покрај ова, во медиумите се коментира и фантастичниот изглед на Анистон. Таа на забавата се појави во црн комбинезон кој ја истакнуваше нејзината совршена линија.

Погледнете дел од фотографиите:

Објавено:
11 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.462 пати