57 години од смртта: Работи што не сте ги знаеле за Мерилин Монро

5 август 2019

Педесет и седум години по смртта на Мерилин Монро, таа сѐ уште важи за една од најголемите модни икони кои било кога се појавиле во Холивуд.

Со оглед на тоа што доаѓа од сиропиталиште, неверојатен е фактот за нејзиниот фантастичен светски успех како актерка, пејачка и старлета обожувана од целиот свет.

Постојат интересни факти што се поврзуваат со нејзиниот живот, па иако можеби сте веќе запознаени со некои од нив, ние денеска решивме да ве потсетиме.

Sam Shaw

Инаку, деновиве светските медиуми ја соопштија информацијата дека потеклото на Мерилин влече корени од Шкотска, односно нејзиниот татко Џон Мунро е дел од познатото семејство Мунро. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес на петти август, 1962 година. 

Во продолжение, да се потсетиме на некои од најинтересните факти за една од најголемите холивудски легенди.

Sam Shaw

1.Нејзиното вистинско име е Норма Џин Мортенсон.

2.Пораснала без татко.

3.Нејзината баба и мајка имале ментални проблеми, па поради тоа Мерилин целиот нејзин живот се плашела да не полуди.

4.Понекогаш знаела да пелтечи.

Sam Shaw

5.Таа била испратена во сиропиталиште на девет години, откако мајка ѝ била хоспитализирана поради прблеми со психичкото здравје.

6.На само 16 години, Мерилин за прв пат се омажила со Џим Доерти со кого била во брак четири години.

Sam Shaw

7.Уметничкото име ѝ го дал Бен Лајон од студиото Фокс кој во една прилика ѝ рекол дека таа за него е Мерилин, мислејќи на Мерилин Милер, позната актерка од мјузикли. На името, таа го додала презимеро од нејзината баба, Монро.

8.Во 1950 – тата, направила пластична операција на носот и брадата за да изгледаат позаоблени и поцврсти.

9.Во 1950 – тата, за прв пат се обидела да се самоубие откако дознала дека нејзиниот партнер и агент Џони Хајд починал.

Pinterest

10.Позната била по тоа дека секогаш многу доцнела на било какви состаноци и настапи.

11.Со славата, и нејзиното однесување многу се променило, па дури и режисерите на филмовите во кои глумела секогаш ја чекале, дури не ни знаеле дали ќе се појави.

12.Во бракот со Артур Милер таа останала бремена, но го изгубила бебето по шест недели бидејќи станувало збор за вонматерична бременост.

the_independent

13.По неуспешната бременост, таа повторно се обидела да се самоубие.

14.По неколку месеци, повторно забременила од Милер, но го изгубила и тој плод. Нејзините пријатели велат дека оваа бременост била за време на снимањето на „Some like it hot“.

15.Нејзиниот колега Тони Куртис ќе каже дека било многу тешко да се работи со неа и дека изгледало како „да се бакнуваш со Хитлер“.

Sam Shaw

16.Според многумина, таа имала афера со Кенеди, иако никогаш јавно не се потврди.

17.Таа била избркана од екипата на филмот Something’s got to give токму поради нејзиното лошо однесување.

18.Низ годините, работела со многу тренери за глума сѐ со цел да стане посериозна актерка.

Извор: The Nonfiction zone

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.869 пати