Актерката Шерон Стоун викендов го прослави 60-тиот роденден. Во петокот се појави фотографија од неа на аеродром, во лежерно издание, со бел искинат џинс и информацијата дека оди за Мајами каде и ќе го прослави роденденот. 

Коментарите беа насочени кон тоа дека неа годините ништо не ѝ можат. На тоа се надоврза и новата вест дека токму викендов, нејзиното 41-годишно момче ја побарало за жена. Официјална потврда за тоа сè уште нема, иако медиумите забележаа нов прстен на нејзината рака.

Од друга страна, неодамна магазинот „Њујорк Тајмс“ објави нова фотографија со Стоун, која го следеше текстот за тоа како се негува, а во контекст на тоа дека изгледа совршено за 59 години.

Ние пак, по повод 60-от роденден на актерката, направивме ретроспектива на нејзиниот стил преку 60 фотографии.

Преку нив се гледа нејзината смелост, како и можност за трансформација. Од принцеза до грешница, таа знаеше да стави и круна на глава и да носи транспарентен фустан со истиот став, самодоверба и моќност. Ако претходно носеше повеќе светли креации, сјај, последните години сè повеќе се држи до сигурната црна.

Погледнете.

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.342 пати