Адам Левин и Бехати Принслу добија ќерка

23 септември 2016

Познатата двојка, Адам Левин и Бехати Принслу вчера ѝ посакаа добредојде на својата ќерка.

Информацијата пејачот ја потврди ексклузивно за „E!“, истакнувајќи дека е премногу среќен што нивното семејство е побогато за еден член.

Она што за сега е познато е дека мајката и ќерката се чувствуваат одлично, а младите родители се одлучиле на малата принцеза да ѝ го дадат името Дасти Роуз Левин.

За потсетување, пејачот и моделот се во брак од 2014 година, а ова е нивно прво дете.

Медиумите сега ќе стапат во борба за тоа кој ќе ги добие првите фотографии од бебето.

Бехати пред недела дена го најави доаѓањето на ќерката на Инстаграм

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.012 пати